Зошто да јадете темно чоколадо пред вежбање?
Чоколадото и фитнесот не се поими кои луѓето често ги користат во ист контекст, но многу тренери сметаат дека дури и е корисно да се јаде темно чоколадо пред тренинзите.
Рајан и Ерик Џонсон имаат фитнес студија во Мајами, Њујорк и Вашингтон, а нивните услуги ги користат многу познати личности, меѓу кои и Скарлет Јохансон. Тие се нејзини лични тренери, а нивната соработка почнала за потребите на филмовите на Марвел во кои глуми актерката.
Најинтересниот дел од нивната рутина е што секогаш како ужина јадат темно чоколадо пред вежбање и ги советуваат и своите клиенти да го прават тоа.
Според нив, темното чоколадо содржи висок процент на какао, малку шеќер и е одличен избор за енергизирачка ужина. Ако е со 70% какао, тогаш помага во лачење на ендорфин, кој прави да се чувствувате добро за време на вежбањето.
Луѓето кои умерено консумираат темно чоколадо го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и воспаленија. Освен тоа, допаминот ќе им помогне на оние кои вежбаат за да избилдаат мускули, но и ќе ги стимулира мозочните клетки, а во исто време го смирува нервниот систем.
Исто така, важна улога игра и позитивната реакција на мозокот, кој е задоволен поради изеденото чоколадо, па го поврзува вежбањето со позитивна асоцијација.
Е. Д. | Црнобело