Зошто е време да запрете со диетите со јо-јо ефект?
Губењето на неколку килограми е полесниот дел од диетата. Проблемот се појавува кога ќе треба да се одржи посакуваната тежина.
Многу луѓе, поради различни причини, но најчесто за побрзо губење повеќе килограми, започнуваат екстремна диета благодарение на која ќе „симнат“ неколку килограми за кратко време. Но, по многу кратко време ги враќаат, а можеби и повеќе отколку што ги изгубиле. Така влегуваат во еден јо-јо циклус во кој постојано губат и враќаат една иста тежина, со варијации од еден до два килограма.
Но, постои голема разлика меѓу обична јо-јо диета и трајно решение за губење тежина со цел општо добро за себе.
Наместо да се фокусирате на бројките на вагата, потребно е да создавате здрави и пристојни навики и примерно да се однесувате кон своето тело.
Наместо да се измачувате со тие 2-3 сантиметри во обем, мислете дека со правилен режим на исхрана ќе можете да губите килограми и да бидете здрави. Ќе ви одземе повеќе време, но она што е сигурно е дека резултатите ќе бидат долготрајни.
Со диетата почнуваат многу проблеми. Ако сте нестрпливи и сконцентрирани на крајната цел, тогаш ќе се форсирате со екстремни методи во текот на целиот процес. За да видите напредок, гледајте на тоа како на доживотен пат благодарение на кој ќе бидете дисциплинирани кон себе и ќе придонесете за сопствената добра општа состојба.
Е. Д. | Црнобело