12 бонтон правила за на маса: Што се јаде со виљушка, а што со рака?
Колку пати досега сте се двоумеле дали е во ред да земете храна со раце или треба да користите нож и виљушка? Овие правила ќе ви ги разјаснат недоумиците.
Ако сакате да оставите впечаток на културна личност кога сте на ручек или вечера со колеги или пријатели, треба да ги знаете правилата за користење на прибор за јадење.
На сите им е многу поубаво кога споделуваат оброк со културна личност.
И веруваме дека основните правила ги знаете, но постојат и низа не толку очигледни правила за начинот на консумирање на различните видови храна.
Ајде да откриеме кога не е неопходно да се користи прибор:
Мисо супа
Мисо супата обично се служи во мал сад. Садот треба да го ставите на едната дланка, да го придржувате со палецот и да пиете од супата со мали голтки. Со стапчињата во другата рака треба да ги фаќате парчињата тофу и другите состојки.
Откако ќе ја испиете течноста, преостанатите состојки како тофу, печурки и нудлс може да ги јадете со лажица.
Сланина
Крцкавата сланина може да се распарчи ако ја сечете со нож, па препорачливо е да ја јадете со раце.
Меката сланина, по правило е масна и ќе ви ги измрси прстите, па во таков случај користете нож и виљушка.
Маслинки
Кога маслинките се служат како закуска, треба да ги земате со раце.
Кога маслинките се составен дел на некое јадење, како салата на пример, тогаш треба да користите виљушка.
Маслинките од чашата со мартини може да се јадат откако ќе го испиете пијалакот. Подигнете ја чашата и тие ќе се слизнат во вашата уста.
Филет риба
Филет риба најчесто се служи од лосос или пастрмка. Се јаде со специјален прибор: виљушка со три заба и заоблен нож за риба.
Месото од рибата е многу меко, па не се сече, туку внимателно се дели на парчиња со ножот, кои потоа ги ставате во уста со виљушката. Ножот, исто така, се користи за туркање на кожата и коските од рибата.
Цела риба
Пресечете ја рибата во средина од главата до опашката, без да го оштетите ‘рбетот и потоа отворете ја како „книга“ со помош на приборот.
Парчињата месо пренесете ги на слободниот простор во чинијата. Со помош на виљушката отстранете го ‘рбетот и префрлете го во чинијата за коски.
Може да ставите малку лимон на рибата и да почнете да ја јадете со истиот прибор.
Месо на коска
За време на деловна вечера, на забава или во ресторан, месото на коска, како на пример пилешки батаци или свинско ребро, се консумира со виљушка и нож.
Во неформални пригоди, како пикник или седенка дома, месото се јаде со раце.
Пица
За време на коктел забави пицата што е исечена на парчиња може да се земе со рака. Истото важи и за други неформални пригоди.
Но, ако сте на бизнис средба или во ресторан, подобро е да користите нож и виљушка.