12 бонтон правила за на маса: Што се јаде со виљушка, а што со рака?
Тако
Ако станува збор за крцкаво тако, тогаш можете да јадете со раце. Но, под него задолжително треба да имате чиста чинија за ако ви падне некоја од состојките да можете да ја земете со виљушка.
Ако такото е со мека тортиља и има сос, тогаш треба да користите нож и виљушка.
Печени компири
Печените компири се јадат со виљушка. Компирите ги придржувате со прстите од едната рака, додека со виљушката во другата ја отстранувате лушпата.
Потоа можете да ги скршите компирите со рацете и, со помош на виљушката, парчињата да ги измешате со другите состојки.
Грашок
Грашокот се јаде со нож и виљушка. Со помош на ножот ги собирате зрната грашок на виљушката и потоа јадете.
Авокадо
Авокадото, пресечено на половина, се јаде со мала лажичка црпејќи од внатрешноста на овошјето.
Авокадото во салати се јаде со виљушка. Гвакамоли, сосот од авокадо, може и да го мачкате на леб.
Сирење
Мекото сирење, како камембер или бри, се јадат заедно со кората. Тврдите варијанти, како чедар, се сечат со нож, држејќи го сирењето со виљушката.
Рестораните нудат и даски со сирење за десерт, кои се служат со јаткасти плодови, крекери и суво овошје. Меките варијанти се сечат на парчиња и се ставаат на чинијата, па може со нож да ги намачкате на крекер и потоа да јадете со раце или да ги јадете како сендвич со нешто, исто така со раце.
Тврдите варијанти се сечат на парчиња и се ставаат во вашата чинија и најдобро е да се консумираат со виљушка. Но, ако направите сендвич со некои други состојки не е погрешно и со раце.
Десерти
Еклерите се јадат со нож и виљушка. Треба да сечете внимателно за филот да не излезе.
Крофните се кршат и потоа со рака се внесуваат мали парчиња во уста.
С. С. | Црнобело