Знаци по кои може да препознаете дека не јадете доволно, иако не сте свесни за тоа

Многу почесто се случува луѓето да се жалат дека се прејадени и дека претеруваат со количината храна која ја внесуваат, отколку дека јаделе помалку.

znaci-po-koi-mozhe-da-prepoznaete-deka-ne-jadete-dovolno-iako-ne-ste-svesni-za-toa-01.jpg

Но сепак, понекогаш се случува телото да испраќа сигнали дека нешто не е во ред со вашето јадење и дека е време да се промени тоа, бидејќи не внесувате доволно храна.

Секако, за тоа може воопшто да не сте свесни, па за во иднина да не ги игнорирате сигналите, добро е да знаете како изгледа тоа.

Знаци кои покажуваат дека не јадете доволно, иако не знаете:

Се чувствувате изнемоштено

Кога не внесувате доволно калории, вашето тело има недостиг и од енергија од многу различни причини, а тоа доведува до изнемоштеност и чувство на слабост.

На телото му се потребни шеќери, во умерени граници, јаглехидрати, витамин Б, како и железо.

znaci-po-koi-mozhe-da-prepoznaete-deka-ne-jadete-dovolno-iako-ne-ste-svesni-za-toa-02.jpg

Не може да одржите пријатна температура на телото

Ниската телесна температура може исто така да биде предизвикана од мал внес на калории.

Честото чувство на студ во контролирана или затворена околина може да биде знак дека не јадете доволно, што влијае на хормонот кој ја контролира телесната температура.

znaci-po-koi-mozhe-da-prepoznaete-deka-ne-jadete-dovolno-iako-ne-ste-svesni-za-toa-03.jpg

Умерена количина на кофеин прави да се чувствувате лошо

Јасно е дека не е добро да се претерува со кафето, или општо кофеинот, но ако ви се слоши после 1 шолја кафе или црн чај, тоа може да е знак дека внесувате многу малку храна.

Стомакот ви испушта звуци постојано

Ако стомакот често знае да пушта чудни звуци, значи дека не јадете доволно често колку што треба.

Тоа може да биде знак и дека сте прејадени, но тоа би го знаеле и не би се двоумеле.

Едноставно не се чувствувате добро

Некои од симптомите на недоволен внес храна во телото се чувството на слабост, лошење, вртоглавици и главоболки.

Кога нема доволно храна, телото не може да функционира правилно и ја троши цела енергија за да издржи.

znaci-po-koi-mozhe-da-prepoznaete-deka-ne-jadete-dovolno-iako-ne-ste-svesni-za-toa-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...
6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можн...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg