Кои продукти прават вашето тело да мириса убаво, а кои непријатно?
Зголемете ја консумацијата на лимонов сок, јогурт, чај и портокали, а намалете на црвено месо, алкохол, кафе и кромид.
Мирисот на нашето тело првенствено е одреден од генетиката, но сепак може да биде предизвикан, односно подобрен или влошен, од консумирањето на одредени продукти.
Но, за да бидете здрави важно е да јадете често, умерено и разновидно. Така што оваа листа не значи дека треба да исфрлите одредени здрави продукти од исхраната.
Внимавајте на нив доколку сакате да мирисате свежо и убаво во некои пригоди:
Пиво vs. Вода
Пиењето на вода му овозможува на вашето тело да се ослободи од токсините.
Пиењето пиво, иако ви изгледа како добар начин да релаксација, може да предизвика лош мирис при испарувањето на алкохолот од телото.
Млеко vs. Јогурт и кисело млеко
Активните состојки во јогуртот и киселото млеко го намалуваат количеството на сулфурни соединенија, кои предизвикуваат лош мирис. Исто така, витаминот Д од јогуртот помага во борбата против бактериите во устата и со тоа го спречува лошиот здив.
Млекото содржи холин, кој предизвикува лоша телесна миризба.
Вино vs. Лимонов сок
Покрај тоа што денот по пиењето вино ќе имате мамурлак, вие и ќе мирисате на алкохол.
Пиењето на лимонов сок пак е одлично затоа што лимонот прави детоксикација на телото поради високата количина на антиоксиданти.
Кафе vs. Чај
Чајот е одличен извор на антиоксиданти. Колку помалку токсини има во вашето тело, толку подобро ќе мирисате.
Кафето или кој било пијалак што содржи кофеин предизвикува лош мирис.
Карфиол vs. Јаболко
Поради природните својства јаболката помагаат против лошиот здив.
Карфиолот содржи холин, состојка која предизвикува лош мирис.