Кои продукти прават вашето тело да мириса убаво, а кои непријатно?
Тиква vs. Портокал
Портокалите мирисаат одлично и лесно се апсорбираат во телото, па така се брз начин за подобрување на телесната миризба.
Од друга страна, тиквата содржи холин и има спротивно дејство.
Лук и кромид vs. Кардамон и цимет
Кардамонот и циметот на вашето тело му даваат долготраен свеж и пријатен мирис.
Лукот и кромидот содржат органски сулфурни соединенија, кои се преработуваат, па излегуваат преку порите на телото, предизвикувајќи лош мирис.
Аспарагус vs. Целер
Целерот му помага на вашето тело да ослободува феромони, па со тоа прави да сте попривлечни за спротивниот пол.
Киселината пак во аспарагусот се разградува на сулфурни соединенија и ви носи лош мирис.
Црвено месо vs. Риба
Едно истражување покажа дека луѓето кои две седмици не консумирале црвено месо биле попривлечни за спротивниот пол поради попријатната телесна миризба.
Консумирањето на риба не ги предизвикува истите непријатни мириси, како консумирањето на месо.
С. С. | Црнобело