Една причина поради која секогаш ги враќате изгубените килограми
Дури и откако со диета сте успеале да симнете некој килограм, одржувањето на постигнатата тежина може да се чини како невозможна мисија. За тоа постои една и единсвтена причина - телото постојано е гладно.
Во студија во која биле вклучени над 40 волонтери со прекумерна тежина, сите учесници биле под надзор за да не испуштаат дневно вежбање и редовно јадење здрави оброци.
Набљудувачите, исто така, редовно ја испитувале и крвната слика и преку хормоните добивале информација дали лицето е гладно или не, а следени се и самите реакции на глад или ситост во тек на студијата.
Сите учесници успеале да изгубат килограми, но во текот на следните две години некои ги вратиле сите килограми, некои дури и повеќе, односно 1-2 килограми плус, а некои не вратиле воопшто, но за сите едно било заедничко - гладот бил постојан.
Науката одговорот на ова прашање го крие во еволуциската реакција, кога телото слабее, инстинктот за преживување го засилува гладот и хормоните сигнализираат дека треба да се јаде.
Од овде може да се заклучи дека тенденцијата кон враќање на изгубените килограми лежи во самата еволуција и инстинктот за преживување, а оттука доаѓа и советот да се јадат мали оброци повеќе пати во текот на денот, за подолго време да се задржи чувството на ситост, без епизоди на глад.
Затоа, обороците треба да бидат балансирани, богати со протеини и растителни влакна, нискокалорични, а задолжително е и овошјето.
Водата, се разбира, исто така е задолжителна, а добро е да се испие една чаша пред јадење, затоа што така стомакот сигнализира дека е полн и потребно е помалку храна за ситост.
С. У. | Црнобело