Храна која треба да престанете да ја јадете навечер, ако сакате да ја намалите тежината за 1 месец
Малите промени на дневното мени на исхрана може да направат големи промени во килажата и изгледот.
Па, ако имате навика да си каснете било кој од производите на листава, навечер пред спиење, не му правите добра услуга на телото.
Престанете да консумирате:
Темно чоколадо
Колку и да велат дека темното чоколадо е здраво, сепак доколку го јадете навечер може да ви отвори апетит или да ве остави будни подолго од потребното. Затоа, консумирајте го најдоцна до 18:00 часот.
Лути сосови
Навечер стомакот треба да одмора, а лутите сосови и зачини тешко дека ќе го дозволат тоа.
Црно вино
Поголем дел од експертите тврдат дека чаша црно вино е добро за целокупното здравје, но не барем 2 часа пред да си легнете. Црното вино може да ве остави без сон, нивото на кортизол да се покачи, па следниот ден апетитот да ви е поразвиен од обично.
Благо
Најтешката желба за совладување навечер - желбата по благо. Сепак, ќе мора да најдете начин да ја совладате ако не сакате утредента да се разбудите гладни.
М. Д. | Црнобело