Зошто не треба да ставате лимон во пијачката?

Без разлика дали станува збор за парчиња лимон кои лебдат во бокал вода, исецкан зелен лимон во вашето мохито или парче портокал на врвот од вашата стаклена чаша полна со сангрија, вака ставените цитрусни парчиња овошје во вашата чаша може да бидат навистина голема опасност за самиот организам.

zoshto-ne-treba-da-stavate-limon-vo-pijachkata-2.jpg

Верувале или не, дури 70% од испитуваните примероци цитрусно овошје во 21 ресторан во Њујорк покажале позитивен микробен раст. Според истражувачите, микробите пронајдени на примероците од лимонот имале потенцијал да предизвикаат заразни болести.

Според универзитетскиот професор Филип Тиеро, ваквата појава на бактерии е поради тоа што овошјето се обработува извесен период пред да биде послужено, односно истото е исецкано неколку часа пред да заврши во вашиот пијалак.

Друга причина е тоа што хигиената помеѓу персоналот во локалите не е секогаш на завидно ниво, и тоа како поедици/консумери не можеме да го контролираме.

zoshto-ne-treba-da-stavate-limon-vo-pijachkata-3.jpg

Иако многумина се потпираат на теоријата дека алкохолот може да ги убие сите бактерии во вашата пијачка, професорот Филип не се согласува со тоа. Имено тој нагласува дека само чистиот алкохол може да убие и тоа одредени бактерии, но не и вируси кои можат да се пренесат на истиот начин.

Препорака на Филип е да побарате парчињата лимон да бидат послужени настрана од пијалокот, така самите ќе можете да исцедите лимонов сок во пијачката без да ја мешате кората во целата комбинација.

Па, дали сте за една вотка-лимон!? Не би рекле...

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg