Колку брзо телото ќе почне да реагира откако ќе престанете да консумирате шеќер?
Последниве неколку години се интензивираше идејата дека сепак шеќерите, а не мастите се главниот проблем за човековото здравје и вишокот килограми. Шеќерите се апсолутно непожелни, особено оние рафинираните наспрема природните.
Целосното откажување од шеќери не е баш толку лесно како 2 и 2, но доколку сте упорни, истрајни и имате цврст карактер, апсолутно е возможно.
Кога всушност започнуваат да се случуваат метаболичките промени во организмот? Истражувањата тврдат дека бенефитите од „Sugar Free“ животот ќе започнете да ги чувствувате за помалку од 2 недели, или да бидеме прецизни, за околу 9 дена.
Тогаш целосно ќе престане и желбата, односно стрвноста за внесување слатки шеќерни нешта во организмот, особено производите кои содржат високо фруктозен пченкарен сируп.
Простите шеќери не им додаваат никаква нутритивна вредност на оброците, а телото автоматски ги претвора во сало. Но, мозокот не ги препознава, односно не добива сигнали дека сте јаделе, па гладот воопшто не е заситен и не исчезнува, туку напротив, се зголемува.
Сите кои се обиделе и успале да водат живот без шеќери ги знаат позитивните придобивки. Важно е само да ги стиснете забите и да ја издржите првата недела и половина без внес на никакви шеќери во организмот.
(О)Милена | Црнобело