5 најштетни и 5 најкорисни овошја за сите кои сакаат да ослабат

Во речиси секоја диета ќе прочитате дека се препорачува внесување на големи количини овошје, без да знаете дека не секое овошје ќе ви го даде истиот ефект.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-001.jpg

Има овошја кои се богати со многу шеќери или масти, па тоа секако нема да ви помогне да ослабете или да го одржите телото во форма.

Затоа, важно е да ги разликувате 5-те најштетни од 5-те најкорисни овошја додека сте на диета:

5-то место

Авокадото дефинитивно не е овошје кое треба да го вклучите во диетите. Богато е со масти и калории.

Од друга страна, богати со витамин Ц и антиоксиданси, а сиромашни со шеќер, шумските плодови се одлични согорувачи на мастите.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-01.jpg

4-то место

Крушите се лош избор повторно заради високата количина на шеќери.

Дињата и лубеницата пак, богати се со здрави влакна и голема количина на вода, па имаат одличен ефект при елиминирање на токсините и хидрирање на телото.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-02.jpg

3-то место

Кајсиите се тешко овошје. Тешко се варат и може да доведат до мачнини во стомакот ако се консумираат во големи количини.

Од друга страна, јагодите содржат влакна, витамин Ц, многу вода и мал процент на шеќер, што ги прави идеален сојузник во борбата против целулитот.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-03.jpg

2-ро место

Грозјето може да биде штетно по линијата бидејќи содржи многу шеќери, а лушпата му е тешка за варење.

Од друга страна, јаболкото е одлично овошје за да го вклучите во диетата. Богато е со хранливи влакна, подолго ве држи сити и ви помага во борбата со целулитот преку антиоксидансите кои ги содржи.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-04.jpg

1-во место

Бананата е најкалоричното овошје кое постои и се вари прилично долго време.

Грејпфрутот, за разлика од бананата, е одличен ако ви треба топење на мастите. Ензимите кои ги содржи буквално ги горат калориите.

5-najopasni-i-najkorisni-ovosja-za-site-koi-sakaat-da-oslabat-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg