Овошја и зеленчуци кои може да ги јадете колку сакате, без да се здебелите
Иако не постои храна со 0 калории, сепак постојат плодови кои може да ги консумирате во големи количини, без да се грижите за таложење на масти.
Тајната е во тоа што претежно се составени од вода, имаат низок процент на калории и содржат хранливи влакна кои подолго време ве држат сити.
Слободно почестете се со:
Целер – 95% вода, фолна киселина, влакна, витамин К и калиум.
Kељ – има само 33 калории.
Боровинки – има само 85 калории и содржи моќни антиоксиданси.
Краставица – има 16 калории, составена е голем процент на вода, а содржи и витамин А.
Домати – богати со ликопен, витамини А, Ц и Б2, како и со калиум, хранливи влакна и фолна киселина.
Грејпфрут – само 50 калории во половина грејпфрут, а е извор на витамин Ц. Исто така прави чуда во намалување на лошиот холестерол.
Брокула – содржи А, Ц, Е и К витамини и е богата со хранливи влакна кои заситуваат долгорочно.
Портокалова диња – богата со бета каротен, витамин А и витамин Ц. 90% е вода и има само 55 калории.
Кафриол – содржи антиоксиданси и е одличен извор на фолна киселина, влакна, витамин Ц и К.
Капини – полни со витамин Ц и антиоксиданси.
Марула – само 10 до 20 калории од орција, а е богата со минерали и витамини А и Ц.
Портокали – цитрусно овошје богато со витамин Ц, а има само 80 калории по плод.
Јагоди – уште еден извор на витамин Ц и антиоксиданси, калиум и влакна.
Жолта диња – жолтата слатка диња е екстремно богата со витамин Ц.
М. Д. | Црнобело