11 тајни кои вработените во продавниците за брза храна не сакаат да ви ги признаат

Брзата храна многу брзо стана секојдневие од нашиот живот, па честопати не можеме да и одолееме штом помислиме на неа.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-001.jpg

Но, по овие 12 тајни работите барем малку ќе се променат.

Какви тајни и трикови користат вработените за да ве привлечат да јадете повеќе и почесто, но сепак ги премолчуваат:

1. Сите сендвичи имаат горе-долу ист вкус

Да не постојат зачините и варијациите на слатко, солено и кисело, речиси сите рецепти ќе имаат сличен вкус. Вкусот претежно зависи од зачините во месото и сосовите.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-1.jpg

2. Плескавиците се инстант

Плескавиците се пржат за 30 секунди бидејќи претходно се замрзнати на ниски температури.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-2.jpg

3. Сендвичите се прават за да се изедат брзо

Уште еден трик - сендвичите и додатоците се така осмислени да не треба многу да ги џвакате. Доволни се 12 до 15 пати џвакање пред да ја голтнете храната. А, колку помалку џвакате, толку повеќе количински јадете.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-3.jpg

4. Боите на логоата го поттикнуваат апетитот

Црвената и жолтата боја со причина ги има на речиси секое лого за брза храна. Ова обично се смета за „теоријата на кечапот и сенфот,“ боите на додатоците кои по навика ги ставаме во секој сендвич.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-4.jpg

5. Главна цел - да ви продадат повеќе

Докажано е дека многу е полесно човекот да се прелаже и да купи нешто што не планирал, доколку директно му е понудено. Затоа, вработените на каса никогаш не го користат зборчето „не“. Наместо „не сакате?“ тие прашуваат „сакате да пробате...?“, „со компири?“, „ќе земете и...?“

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-5.jpg

6. Просечна чаша пијалак - грешка

Просечната чаша пијалак би била просечна да има само 3 големини. Но, бидејќи има големини како супер голема и екстра голема, „просечната“ чаша е всушност многу поголема во низата. А, човекот има тенденција да ја бира златната средина, па оттука доаѓа грешката.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-6.jpg

7. Месо од скара - илузија

Трагите на месото како да е печено на скара, секако дека го прават попривлечно, но за жал се лажни. Тие траги се прават уште при замрзнувањето.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-7.jpg

8. Салатите не се поздрава алтернатива

Колку и да ви изгледаат посвежо и поздраво од месото, врз салатите неретко се додава адитив за подолго да останат свежи. Иако адитивот се смета за 100% безбеден, сепак не е најздрав.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-8.jpg

9. Јајцата во сендвичите не се чисти јајца

Поточно, „свежите јајца“ се мешавина од јајца која вклучува уште неколку дополнителни адитиви.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-9.jpg

10. Газираните сокови се различни од оние во шише

Сигурно сте забележале дека газираните сокови во продавниците за брза храна се различни од оние кои ги купувате од продавница. Тајната е во тоа што концентратот за сокот и водата се мешаат „на лице место“ преку машината од која се точат, па затоа имаат посвеж вкус.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-10.jpg

11. Храната не е планирана за носење

Повеќето рецепти го губат оригиналниот сочен вкус по неколку минути. Поточно, компирчињата се свежи 5 минути, а хамбургерот е вкусен во првите 20 минути.

11-tajni-koi-vrabotenite-vo-prodavnicite-za-brza-hrana-ne-sakaat-da-vi-gi-priznaat-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg