Што не треба да јадете пред спиење?
Што се однесува до вечерните навики и нивното влијание на вашиот сон, некои работи се многу јасни - знаеме дека треба да избегнуваме кофеин и дека шеќерот и алкохолот силно влијаат на квалитетот на сонот.
Но, што е со храната?
Генерално, не е препорачано да јадете баш што сакате пред спиење, бидејќи така го оптоварувате организмот тогаш кога е време за смирување и сон.
Тоа посебно важи за храната богата со протеини. Иако тие се секогаш здрав избор на јадење, ако ги јадете навечер ќе си направите проблем, бидејќи истите подолго време се варат.
Покрај тоа, и бараат повеќе енергија за трошење, посебно кога вие треба да спиете, па наместо со мирен сон, завршувате со несоница.
Но, од друга страна, истите не треба да ги заборавите за ручек.
Н. Г. | Црнобело