6 основни совети за готвење кои ќе ги добиете од професионалните готвачи
Снаоѓањето во кујната може не е вештина со која можеме да се пофалиме, но постојат многу едноставни трикови кои од апсолутен почетник многу брзо ќе ве претворат во прав готвач во кујната.
Прочитајте што советуваат професионалните готвачи и олеснете си го животот во кујната:
Не штедете на ножеви
Ножот е алатка која ќе ја користите во подготвување на секое јадење, па затоа, немојте да купувате евтини сетови во трговските центри. Наместо тоа, купете професионални ножеви од специјализирана продавница. Пред купувањето испробајте неколку ножеви и одберете го оној кој најдобро ви лежи на рака. Острете го ножот при секоја употреба, а еднаш годишно професионално наострете го и никако не го мијте во машина за садови.
Научете како правилно да го сечете зеленчукот
Професионалните готвачи ги советуваат почетниците да гледаат YouTube видеа, како би го совладале професионалниот начин на сечкање на зеленчукот. Кога еднаш ќе научите правилно да го сечете зеленчукот, тоа ќе ви намали неколку часови годишно и може да ве спаси од исекување.
Вложете во тави од леано железо
Лонците и тавите од леано железо се потешки за одржување од обичните, меѓутоа контролата на топлината која ви ја пружат и нивната долготрајност ќе надомести за тоа. Како и кај професионалните ножеви, мора да ја совладате техниката, но сигурно ќе ви се исплати.
Правилно чувајте ги намирниците
Научете каде и како да ја чувате салатата, а каде брокулите и кои намирници би требало да ги чувате во фрижидерот. Исто така, пробајте да истражите и кое е најдобро место за ставање на полици за зачини. Неколку минути истражување на интернет од време навреме, може да ви заштеди многу пари.
Набавете си голема даска за сечење
Заборавете на милион мали даски за сечење, најважната работа која ви треба е простор. Купете си голема даска за сечење и припремата на храната ќе ви стане многу поедноставна. Некои професионални готвачи советуваат да имате две даски со различни бои - на пример црвената може да ја користите за сечење на месо, а зелената за сечење зеленчук.
Избегнувајте специјализиран кујнски прибор
Сите професионални готвачи се сложуваат, дека претрупаната кујна е непрактична кујна, затоа, избегнувајте специјализирани предмети. Освен во случај да ги користите за јадења кои постојано ги подготвувате, ќе потрошите пари и ќе заземете драгоцен простор во кујнските ормани.
Наместо ова, држете се до класичниот кујнски прибор кој може да го користите за различни работи и кој знаете дека ќе ви користи. Непишано правило е дека со едно парче кујнски прибор би требало да можеме да правиме барем 3 различни работи.
Е. Ј. | Црнобело