Два начини на кои сите го одмрзнуваме пилешкото месо и си го загрозуваме здравјето

Верувале или не, навистина е тешко да се одмрзне пиле. Некои често користени методи за одмрзнување на пилешкото месо може да го расипат вкусот, но и да поттикнат развој на бактерии. 

dva-nacini-na-koi-site-go-odmrznuvame-pileskoto-meso-i-si-go-zagrozuvame-zdravjeto-001.jpg

Затоа, постојат најдобри и најлоши начини како да го одмрзнете пилето.

Најдобри начини:

1. Во фрижидер

Ова е најдобриот начин за одмрзнување на пилешкото бидејќи е наједноставен, а со тоа и најсигурен за разлика од другите техники за одмрзнување, бидејќи месото не е изложено на топлина, која вообичаено поттикнува развој на бактерии. Ако го одмрзнувате пилето во фрижидер, ќе го зачувате неговиот вкус кој со некои други методи на одмрзнување може да избледи. Една маана на овој начин е тоа што морате однапред да планирате.

За половина килограм пилешко место ќе ви бидат потребни околу 5 часа, а ќе биде добро за јадење 2-3 дена. Утрото пред да одите на работа преместете го месото од замрзнувач во фрижидер и кога ќе се вратите дома тоа ќе биде спремно за печење.


2.
Во ладна вода

Доколку сте заборавиле да го направите претходново, тогаш ова е вториот најдобар метод кој може да го искористите. За месото да остане добро за јадење, мора цврсто да го врзете во стегната пластична вреќа и водата да ја менувате на секој половина час (одмрзнувањето трае 2-3 часа). На тој начин водата секогаш ќе биде ладна и замрзнатото пиле нема да биде изложено на опасно топли температури.

Здравствените експерти предупредуваат дека пилето никогаш не смее да се одмрзнува во топла или врела вода, затоа што тоа може да предизвика болести кои се пренесуваат преку храната со обѕир на тоа што таквата околина е идеална за развој на бактерии во месото.


3.
Печете го замрзнато

Третата најдобра метода е воопшто да не го одмрзнувате пилето, но бидете сигурни дека ќе ви треба 50% повеќе време за до поготвите отколку кога е одмрзнато. Но, тоа не мора биде лоша работа, особено ако ви треба подолго време за да го подготвите јадењето (како гулаш или супа). Единствен пат кога не треба да ја користите оваа метода е при пржење, бидејќи поради вишокот влага на месото нема да се создаде крцкава кора.

Најлоши начини:

1. Во микробранова печка

Одмрзнување пилешко во микробранова не е безбеден начин, бидејќи месото е изложено на висока температура – погодна за развој на бактерии. Исто така, таа го уништува вкусот и текстурата, бидејќи месото не се одмрзнува рамномерно. Додека дебелите и поголемите парчиња сѐ уште се одмрзнуваат, тенките и малите парчиња веќе почнуваат да се варат и стануваат гумени.


2.
На кујнски пулт

Оваа метода на одмрзнување пилешко се користи во многу домаќинства, но треба да се избегнува. Кога месото предолго стои на собна температура, голема е веројатноста дека ќе влезе во опасна температурна зона во која е неизбежно создавање на бактерии.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg