8 совети во врска со јадењето кои ги научив во Франција

 „Порано го јадев оброкот набрзина на работната маса во кујна или пред телевизорот и искрено немав поим кои видови на овошје и зеленчук се сезонски. Откако почнав да живеам во Франција, моите навики се сменија целосно“.

8-soveti-vo-vrska-so-jadnejeto-koi-gi-nauciv-vo-Francija-001.jpg

Така ја започнува приказната Бита Хашенпур, која сега ја споделува уметноста на француската кујна и печива, како и советите за уживање во храната кои ги стекнала во оваа прекрасна земја.

Дознајте како нејзиниот начин на исхрана се сменил благодарение на Французите - гурмани:

1. „Поверојатно е дека ќе пијам вино за време на оброкот, отколку кој било друг пијалак“.

Истражувањата покажуваат дека една до две чаши вино дневно ја подобруваат меморијата, ги намалуваат шансите за деменција и го подобруваат нивото на добриот холестерол.


2.
„Контролата на порцииите и умереноста се клучот за здрави хранливи навики“.

Вистината е дека Французите обожаваат чоколадо, леб и путер, но во умерени количини и малечки порции. Повеќе нема да имате потреба од исцрпувачки денови во кои имате забранета храна, и еден „слободен“ ден во кој се прејадувате до изнемоштеност. Ништо не е забрането на менито во Франција, освен огромните порции.


3.
„Наместо по млечно, сега посегнувам исклучиво по темно чоколадо“.

Во наплив на неодолива желба за благо, порано внесував огромни количини на млечно чоколадо со додатоци и обично две коцки се претвораа во половина чоколадо. Денеска мојот избор се неколку коцки темно чоколадо со повисок процент на какао и чаша вино, секако.


4.
„Полномасни млечни производи, наместо оние со ниска масленост“.

Французите ве учат на најдобрата лекција кога станува збор за млечните производи. Кога и да купувам млеко, јогурт, павлака или сирење, секогаш им давам предност на оние со повисока масленост наспрема оние со пониска, од едноставна причина што првите заситуваат повеќе и подолго.

8-soveti-vo-vrska-so-jadnejeto-koi-gi-nauciv-vo-Francija-02.jpg

5. „Избегнувам ужинки и мезиња меѓу оброците“.

Французите не веруваат во грицки и ужинки. Тие веруваат во богат хранлив оброк. Јадат бавно и со уживање, оброкот го делат со пријатели и вино, и тоа е сосема доволно.


6.
„Секогаш купувам свежи сезонски намирници од локалните пазари“.

Предноста секогаш се дава на онаа храна која е сезонска, затоа што телото во принцип најдобро го поднесува она што е најсвежо и најквалитетно од регионот.


7.
„Никогаш не го употребувам зборот диета“.

Ваквото јадење не е диета, тоа е животен стил. Французите никогаш не дебатираат на темата јаглехидрати vs. протеини. Не постои „лоша“ ниту забранета храна. Јо-јо варијациите во тежината можеби се главна тема во Америка, но во Франција се комплетно отсутни. Никогаш нема да видите Французи кои се на диета со ограничени намирници или строго внесување на одреден број на калории.


8.
„Јадам полека, без емоционален товар“.

Французите уживаат во секој залак храна. Јадат полека и свесно и целиот оброк е всушност еден вид доживување. Никогаш нема да видите жена која плаче и се дави во ќесичка чипс или кутија сладолед. Јадењето во Франција е задоволство, не обврска.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg