Како до совршениот бифтек?
Пред неколку месеци влегов во една интересна конверзација со пријателите во однос на месото. Започна како дебата за најдобрите парчиња месо кои можат да се најдат на пазарот, но набргу се претвори во разговор за најдобрите техники на готвење на месото. Дефинитивно сите можеме да се сложиме дека за совршена порција не е само изборот на квалитетно месо, туку и како е тоа подготвено.
Тука би сакал да го свртам вашето внимание на една посебна техника на готвење со која сте помалку или повеќе запознаени. Sous Vide, што во превод од француски би значело под вакум, е техника која ја користат врвните кувари насекаде низ светот за подготовка на храна до нејзиниот идеален степен на подготвеност но притоа максимално задржувајќи ги нејзините храниливи состојки и сочност.
Sous Vide е метод на готвење каде храната се вакумира во пластични кеси, кои потоа се потопуваат во вода или се сместуваат во средина под пареа со точно утврдени температурни параметри, кои варираат од 55 до 60 степени целзиусови за месо и многу повисоки температури за зеленчук.
Се остава да се готви на оваа температура подолго време, некогаш и до 96 часа, зависно од типот на храната која се подготвува. Целта е храната да се подготви подеднакво, како во внатрешноста, така и надворешно, а притоа да ги задржи свжината и вкусовите.
Овој метод за првпат бил опишан во 1799 од страна на Бенџамин Томпсон (иако тој користел воздух како медиум за пренесување на топлината). Оттогаш наваму овој метод само бил усовршуван, се со една цел, перфектно подготвена храна.
Она што е возбудливо за овој метод на готвење е тоа што храната која е подготвена на овој начин развива вкусови и текстура кои едноставно не можат да се добијат со користење на традиционалните готвачки методи. Тоа е така затоа што природните вкусови и сокови остануваат во месото наместо да испарат наоколу или да останат во тавчето. Токму затоа месото подготвено на овој начин ги задржува сите свои нутриционистички вредности.
Уште една од предностите на Sous vide готвењето, е дека бактериската или друг вид на контаминација воопшто не е случај. Тоа е така поради строго утврдената температура како и времето на готвење, кои овозможуваат процес на пастеризација на месото.
Но, и покрај сите предности постои еден мал проблем. Овој тип на готвење бара одредена апаратура како и значителен дел од вашето време. Ако не можете да си ги дозволите овие работи, не очајувајте, сепак постои начин и вие да го вкусите совршеното парче бифтек.
Ние во ресторан Венето сме секогаш тука да ви излеземе во пресрет. Доколку сакате да ги разгалите вашите сетила со една совршено подготвена порција, во пријатна и опуштена атмосфера, не двоумете се да не посетите.
Ве очекуваме,