5 најчести грешки кои ги правите при подготовката на појадокот
Постојат неколку „кардинални прекршоци“ кои многу веројатно ги правите секое утро додека го подготвувате вашиот појадок или пак го избегнувате.
Не е бесполезна изреката „Денот по утрото се познава“, а вашиот започнете го со добар и здрав оброк придржувајќи се до некои правила кои ќе ви ги олеснат утрата, ќе ги намалат вишокот килограми и ќе направат да се чувствувате добро во својата кожа.
1. Пржите јајца во тавче
Прво прашање кое може да ви дојде на ум: „Ако не на тавче тогаш каде?“ Решение и одговор на ова прашање има. Оставете ги тавчињата да седат во плакарот. Не само што ќе имате додатно садови за миење во мијалникот туку и јајцата кои се приготвени на овој начин штетат на вашети здравје. Непотребно користите масло и ја намалувате количината на минерали. Подобро е да искористите поголема шолја и во неа да го „испечете“ јајцето во микробранова. Феноменален оброк без непотребни садови и без маснотии.
2. Правила за житарките
Ги отварате од горе и на страна? Она што останува на крајот од кесичката се само најситните делови. Едноставно сите состојки не се рамномерно распоредени. Она што можете да направите е да ги промешате и истурате одоздола. За да не ги преминете неопходните количини и внесете повеќе калории наутро, наместо да истурате од житарките директно во чинијата мерете со шолја или мерица. И секако, ставајте го прво млекото во чинија, а потоа преминете на житарките. На тој начин ќе имате прегледност и на тоа колкава количина на млеко сте внеле.
3. На шејкот додадете мраз
Коцките мраз се само празни калории кои даваат изглед на поголема порција. Користете замрзнато овошје и коцки лед. Ова е уште еден начин на кој во раните утрински часови ќе се чувствувате како да сте полни, а полека и неприметно намалувате на калориите.
4. Пиете сок или јадете овошен јогурт
На организмот она што му е потребно после 8-те часа сон е вода. Во сокот има приближно 22g шеќер кои не му прават услуга на телото затоа што му правите додатна дехидрација. Сокот наутро заменете го со чаша вода. Така и ќе бидете поблиску до пополнувањето на стандардните 8 чаши вода дневно за нормално и здраво функционирање.
Таков е случајот и со овошниот јогурт. Наместо да ги внесувате потребните материи, вие повеќе внесувате шеќери наместо протеини. Затоа направете сами овошен јогурт. Ставете рака од омиленото овошје и шолја обичен јогурт.
5. Го прескокнувате појадокот
На оваа тема нема потреба многу да се разговара. Можеби ви се чини дека појадокот не е најважниот оброк и дека наутро воопшто не чувствувате глад но, избегнувањето на овој оброк ќе направи подоцна гладтта да биде посилна а количината на внесени калории уште поголема. Токму затоа, ако припаѓате на онаа група која наутро пие само кафе, послужете се со некое овошје.