Радиоактивно овошје: 500 милиони банани зрачат како Чернобил

Бананите се природен извор на радиоактивни изотопи. Вистината е дека една банана нема доволно радиоактивни елементи за да ги активира сензорите, а посебно не за да им наштети на луѓето.

radioaktivno-ovosje-500-milioni-banani-zracat-kako-cernobil-01

Но, доколку некој се обиде да пренесе неколку оголени банани, на сензорите кои се користат на пристаништата за детектирање на криумчарен нуклеарен материјал, веднаш би се вклучила црвената светилка.

Иако се радиоактивни, шансите да ве убијат со зрачењето се скоро еднакви на нула.

Би требало да застанете пред 200 оголени банани за ефектот на зрачењето да биде еднакво како на рендгенска снимка, а дури 20 милиони банани би можеле да предизвикаат смртоносно труење од радијација.

Кога би застанале во непосредна близина пред 500 милиони оголени банани, тоа би било како 10 минути да сте стоеле пред нуклеарниот реактор во Чернобил, веднаш по експлозијата.

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
11 трикови со кои овошјето и зеленчукот ќе ви останат свежи подолго време Бананите ви скапуваат, компирот 'рти, морковите ви се сушат... Што треба да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg