Како да испржите крцкав и сочен помфрит?

Речиси и да нема поомилен додаток во некој оброк од помфритот. Некогаш не е ниту потребно главно јадење, кога помфритот може да биде одлично мезе.

kako-da-isprzite-krckav-i-socen-pomfrit-01

Единствено што треба да погодите е да биде однадвор крцкав, однатре сочен. Но, тоа е и тајната на големите мајстори.

Земете неколку поголеми компири, измијте ги и излупете ги. Потоа со остар нож исечкајте ги на прави, тенки стапчиња.

На страна во еден подлабок сад ставете ладна вода и исечканиот компир ставајте го во него, за да не се исуши и да не оксидира. Оставете го да отстои околу 5 минути, за да се ослободи од вишокот скроб.

Извадете го компирот и префрлете го во друг сад, а оној во кој беше водата измијте го и наполнете го со зовриена вода, па додајте пченкарен сируп. Во таа вода варете го компирот и оставете го компирот околу 10 минути.

Извадете го и ставете го на чиста крпа за да се исуши. Потоа, ставете го во фрижидер околу 20 минути.

На ред е пржењето. Најдобро би било да користите фритеза, но може и подлабока тава со поголемо количество загреано масло. Помфритот пржете го двапати. Првиот пат ставете го во фритезата или тавата на 2 минути.

Извадете го и оставете го да отстои на чинија со салфетка околу 10 минути, за малку да се излади. Потоа вратете го во фритезата или тавата и пржете го околу 5-7 минути. Помфритот е готов, крцкав и сочен.

За уште подобар вкус може да му додадете и зачини или да го јадете со некој вкусен сос.

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg