Како да направите замена за печиво ако немате?

Сигурно ви се случило да се најдете во ситуација кога веќе сте почнале да подготвувате некој рецепт и сфаќате дека немате прашок за печиво.

kako-da-napravite-zamena-za-ako-nemate-01

Тој е една од клучните состојки доколку готвите нешто со тесто и не смеете да го изоставите. Единствено што можете да направите е да го замените.

Ова се три ефикасни замини со кои може да го постигнете истиот ефект:

Сода бикарбона и јогурт

Измешајте пола лажичка сода бикарбона и пола лажичка јогурт. Состојките јогуртот реагираат на сода бикарбоната и создаваат гас неопходен за растење на тестото. Оваа замена може да ја користите само во рецептите каде има суви состојки. Доколку е потребно, зголемете ја количината на останатите состојки, како на пример брашното, шеќерот за тестото да не ви биде течно.


Сода бикарбона и лимон

Помешајте еднаква количина лимонов сок и сода бикарбона. Киселината од лимоновиот сок реагира со сода бикарбоната, создавајќи ист ефект како прашокот за печиво. Сепак водете сметка за количината на лимон, бидејќи има силен вкус кој може да се почувствува во јадењето.


Сода бикарбона и црн мед

Измешајте 1/3 филџан со црн мед и ¼ лажичка сода бикарбона. Со оглед на тоа што има специфичен вкус, оваа замена е идеална за јадења со посилен вкус, како печивата со разни зачини.

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg