10 намирници кои може да ги користите и откако ќе им истече рокот

Без разлика дали се работи за чоколадо кое добило бела површина или за леб кој мувлосал, тешко е да одредите дали некоја храна е во ред да ја изедете или сепак е посигурно да заврши во кантата за ѓубре.

10-namirnici-koi-moze-da-gi-koristite-i-otkako-ke-im-istece-rokot-01.jpg

Она што е изненадувачки е што повеќето намирници кои верувате дека се ризични да се јадат на денот кога рокот истекува, се сигурни за консумирање дури и откако тој ќе помине.

Ова се само дел од нив:

1. Млеко

Пастеризираното млеко може да издржи 50% подолго ако го чувате на ниска температура. Пробајте млекото да го чувате во задниот дел од фрижидерот наместо на вратата. Ако пак млекото се скисели, од него направете палачинки.


2. Јајца

Според тврдењата на Dane Gunders кој се занимава со истражување на храната, јајцата може да издржат помеѓу 3 до 5 недели. Но, мора да се чуваат на температура пониска од 5 степени, бидејќи така се спречува потенцијалното развивање на салмонела.


3. Храна со многу шеќер

Било која храна со многу шеќер, како на пример мармаладот и медот, е секогаш сигурна за консумирање.


4. Чипс

Иако е омекнат, чипсот е сигурен заради големата количина на сол која ја содржи.

10-namirnici-koi-moze-da-gi-koristite-i-otkako-ke-im-istece-rokot-02.jpg

5. Ситни колачиња

Исто како чипсот, колачите може да ги јадете без проблем и по истекувањето на рокот. Ако се малку омекнати, само на кратко ставете ги во рерна.


6. Суви тестенини

Ако правилно ги чувате, може да траат засекогаш.


7. Леб

Чувајте го во замрзнувач и тој ќе трае вечно. Само внимавајте да ги отстраните мувлосаните делови, ако ги забележите.


8. Храна во конзерви

Продолжете и го рокот на конзервата така што ќе ја држите на темно и суво место.


9. Марула

Се додека марулата не поцрни, можете да ја освежите во ледено студена вода.


10. Чоколада

Чоколадата може да трае прилично долго. Изложеноста на топлина и директен воздух го предизвикува создавањето на белиот слој, кој всушност настанува од мастите кои избиваат на површината. Што значи, нема потреба од фрлање на цели чоколади.

10-namirnici-koi-moze-da-gi-koristite-i-otkako-ke-im-istece-rokot-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg