Не ја фрлајте храната: 24 Генијални кујнски трикови

Едно просечно домаќинство фрла околу 25% од храната и пијалаците кои ги купува. Немојте да бидете меѓу нив...

ne-frlajte-hrana-25-genijalni-kujnski-trikovi-1

Со помош на овие кујнски трикови освен што ќе се „одвикнете” од фрлањето на храната, туку и ќе го заштедите вашиот буџет:

1. Марулата ќе трае подолго ако ја сместите во поголема хартиена кеса пред да ја ставите во ладилникот.

2. Пред да ги ставите во ладилник, јајцата премачкајте ги со масло. Маслото ќе ги држи свежи дополнителни 3-4 недели.

3. Ѓумбирот лупете го со кафена лажичка - многу е полесно и имате минимум отпад.

4. За да ја одржите тортата свежа и сочна, ставете парче леб на делот каде што е пресечена и дури потоа ставете ја во ладилник. Лебот ќе стане сув, но затоа тортата ќе остане совршена.

5. Ако за некој рецепт потребно ви е многу малку лимонов сок, едноставно боцнете го лимонот со чепкалка за заби исцедете колку што е ви е потребно, а дупката прекријте ја со парче селотејп и ставете го лимонот во ладилник.

6. Во ниеден случај не треба да го фрлате пакувањето од кашкавалот, туку во него чувајте го истиот.

7. Во искористена тегла од мајонез додајте малку јаболков оцет и ќе добиете одличен прелив за салата.

8. Свежите боровинки измијте ги во вода во која претходно сте ставиле оцет за да ја спречите појавата на мувла.

9. Кромидот чувајте го во хартиени кеси со дупчиња, бидејќи само на тој начин може да остане свеж дури до 2 месеци.

10. Исеченото авокадо чувајте го заедно со кромид, бидејќи кромидот ќе ја зачува неговата свежина подолго од вообичаено.

11. Јаболкото и компирот чувајте ги заедно. Етилниот гас од јаболкото ќе ги спречи компирите да `ртат.

12. Во истрошена тегла од чоколаден крем додајте топло млеко и протресете, ќе добивате инстант топло чоколадо.

13. Мангото ќе го исчистите полесно и подобро со помош на чаша.

14. Ананасот чувајте го наопаку свртен, бидејќи тоа ќе го забрза неговиот процес на зреење, со тоа што шеќерот ќе оди нагоре.

15. Замотајте го целерот во фолија и ќе трае до 1 месец (истото важи и за брокулата). 

16. Замотајте го врвот на бананата во пластична фолија и ќе трае 3-5 дена подолго од вообичаеното.

17. Претворете го старото млеко во нов производ: Ако на млекото му истече рокот, пронајдете некој од бројните рецепти на интернет и претворете го во сирење.

18. Направете ледени коцки од билки за зачини: свежите билки брзо се расипуваат, затоа исечкајте ги, помешајте ги со путер и маслиново масло, па тој микс ставете го во калап за коцки мраз и замрзнете го.

19. Талогот од кафе истурете го во земјата од вашите билки, тоа е добро доколку имате ружи, јагоди или домати.

20. Вратете им го вкусот на предолго стоените крекери со тоа што ќе ги ставите на 30 секунди во микробрановата печка.

21. Пицата загревајте ја во тавче, бидејќи така ќе се загрее и маслото од кората и таа повторно ќе биде крцкава.

22. Ова е совршен начин да го одржите сечканото овошје и зеленчук свежо.

23. Долго стоените газирани пијалаци истурете ги во калапи и направете сладолед.

24. Преку 20 видови на зеленчуци и зачини можете да ги израснете од нивните остатоци. 

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg