Од стопено чоколадо и балони ја направила највкусната чинија
Замислете да можете да го послужите омилениот сладолед или овошна салата со шлаг во чоколадна корпа која може да се изеде. Вакво нешто може и сами да си направите а потребни ви се само неколку мали балони и 200 g чоколадо за готвење.
Прво надувајте ги балоните, обезбедете доволно празен простор во фрижидерот и стопете го чоколадото на пареа.
На тепсијата во која ќе ги редите балоните, ставете хартија за печење. Земете еден балон, до половина полијте го со стопеното чоколадо и ставете го во тепсијата.
Внимавајте само да не биде многу топло чоколадото за да не ви се стопи или пукне балонот.
Штом завршите, тепсијата со балоните ставете ја 5 минути во фрижидер да се стврднат, а потоа уште двапати повторете ја постапката за да добиете доволно дебела чоколадна корпа.
На крај, исечете го полека балонот со ножици и отстранете го како во видеото: