Обрнете внимание: Еве како лесно можете да се здебелите на работа

Ако во последно време ви изгледа како да јадете премногу на работа, можно е несвесно да сте паднале во некоја од овие замки...

obrnete-vnimanie-eve-kako-lesno-mozete-da-se-zdebelite-na-rabota-1

Најчесто луѓето накачуваат вишок на килограми додека се на работа, а најмногу им се случува на оние кои многу седат и чувствуваат голем стрес.

Начини на кои најлесно се качуваат вишок килограми се овие:

1. Автомобил

Освен седењето на работа, многу луѓе поголемиот дел од денот го поминуваат во своите автомобили. Луѓето кои користат јавен превоз или велосипед како превозно средство до работа имаат помали шанси да се здобијат со вишок на килограми.

2. Стрес

Хормонот на стрес кортизол може да предизвика желба за слатко, но и да го натера телото да ги сочува масните наслаги таму каде што најмалку ги сакаме - околу струкот. Затоа запрашајте се, дали навистина е невозможно да ги избегнете стресните ситуации заради кои сте вознемирени?

3. Работа до доцна

Ако имате работа, која често ве заглавува до доцна навечер, можно е да сте накачиле некој килограм плус токму поради јадењето во ситните часови. Луѓето кои помалку спијат ноќе заради обврски имаат вишок килограми, токму поради недостатокот на сон.

4. Што јадете?

Луѓето кои немаат подготвен ручек често подлегнуваат на нездрави алтернативи, па купуваат брза храна или ги посетуваат пекарите. Секогаш е подобра опција да си зготвите однапред појадок и ручек.

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg