Мали кујнски трикови за секогаш совршени оброци
Колку пати до сега ви се случило да го препечете колачот, да ги пресолите компирите или тестото да ви се залепи за тавчето? Но, тоа не значи дека рецептот е неуспешен.
Како што за сè постојат трикови и тајни, така и вашите несовршени оброци може повторно да се вратат во посакуваната форма за само неколку минути.
Кога колачот е недопечен
Ако го извадивте колачот од рерната прерано, не грижете се. Спуштете го колачот во студено млеко, а потоа вратете го во тавчето и допечете го.
Блескав прибор за јадење
Не ја фрлајте водата во која го варевте компирот. Ставете го приборот за јадење во неа, оставете го да проврие 10-тина минути, а потоа добро пребришете го. Резултатите ќе бидат фантастични!
За повкусна леќа
Искористете ја водата во која варевте спанаќ – нема да се покаете!
За совршено исечено парче торта
Ако по секое сечење ножот го ставите во ладна вода, ќе исечете совршени парчиња. За сечење на креамсти торти, ножот треба да го ставите во топла вода.
Маслото од помфритот може да се употреби повеќе пати
За да ја сочува бојата и аромата, во садот во кој ги пржевте компирите ставете цела лушпа од јајце. Лушпата со текот на времето ќе поцрни, па затоа повремено треба да ја менувате, додека не го искористите маслото.
Пресолено јадење
Додајте 1 лажица оцет и лажица шеќер ако сакате да ги отсолите пресолените јадења. Исто така може да користите и ¼ лажичка сода бикарбона.
Повкусни сосови и супи од зеленчук
Ако на крајот од варењето им додадете малку путер, вкусот ќе биде многу подобар.
Повкусен пржен компир
Ако пред пржењето исечканиот компир го ставите во врела вода околу 2 минути, па потоа го пребришете пред пржење, ќе забележите многу поголема разлика во вкусот.
Брзо растворање на желатинот
Прво прелијте го со студена вода во размер 1 дел желатин и 4 дела вода, па потоа загревајте го.
Лупење на кромид без солзи
Кромидот најлесно ќе го излупите ако го потопите во топла вода. Сечкајте го на мокра даска со влажен нож, ако сакате да не ви ги иритира очите.
За варените компири да не се распаднат
Би требало да ги варите во солена вода. Но, солта треба да ја додадете во водата при крајот на варењето.
Ако немате хартија за печење
Користете обичен бел лист кој треба од двете страни да го премачкате со масло. Колачот лесно ќе го извадите, а тавата ќе остане чиста.
Вратете ја свежината на старото пилешко месо
Ако пилешкото месо го заборавивте неколку дена и сега е малку потврдо од вообичаено, додајте 1 лажичка ракија во водата во која го варите. Мирисот на ракија ќе испари, а месото ќе омекне.
Свежо сирење
Тврдите сирења и кашкавали ќе имаат многу подобар вкус ако ги замотате во влажна крпа потопена во солена вода.
Ако тестото се залепило за време на печењето
Превртете ја тавата неопаку и обложете ја со мокра крпа. За неколку минути тестото ќе се извади многу полесно.