4 природни начини за да го исчистите организмот од ГМО и пестицидите
Детоксикацијата може да биде многу исцрпувачка за телото и организмот, па може да предизвика дури и различни непријатни ефекти.
Сепак, по консумирањето на ГМО храна, употребата на пестициди и лекови, организмот мора да се прочисти.
Постојат неколку природни методи за нежно отстранување на отровните материјали од телото.
1. Пектин
Пектинот е веројатно најнежниот начин на детоксикација, а доаѓа од растителните влакна на растенијата. Се наоѓа во лимонот, лиметата, јаболкото, бананите, грозјето, морковот и зелката.
Помага да се ослободат хемикалии, тешки метали и други супстанци во крвотокот, а потоа се врзува за нив за да ги исчисти од организмот.
За да го забрзате процесот на детоксикација само јадете овошје богато со пектин или направете сок.
2. Коријандер (киландро)
Вкусен зачин и еден од најефикасните за отстранување на живите тешки метали и други токсични загадувачи на организмот. Може да го внесувате во свеж облик, како додаток во исхраната и како зачин или да направите сок.
Коријандерот има и антибактериски и антигабични својства со што ги намалува инфекциите и воспаленијата.
3. Хлорела
Слатководна алга која е многу ефикасна при отстранување на живите и други тешки метали од клетките. Но, премногу хлорела може да доведе до несакани ефекти во системот за варење. Почнете со внесување помала количина и постепено зголемувајте ја за блага детоксикација. Може да ја внесувате и преку таблети кои се продаваат во аптеките и продавниците за здрава исхрана.
4. Пченична трева
Пченичната трева е одличен начин за отстранување на токсините од организмот. Богата е со минерали и витамини, а ги содржи и сите девет есенцијални аминокиселини. Но, за да ги избегнете несаканите ефекти, почнете со внесување на помала количина. Обично се консумира во вид на цеден сок.
Несакани ефекти
Кога токсичните материи го напуштаат организмот може да дојде до болки во мускулите, мачнини, повраќање, вртоглавици и замор. Детоксикацијата може да предизвика привремено гадење кога отровите го напуштаат организмот. Ако несаканите ефекти се зголемат и зачестат ќе мора да ја намалите количината на препаратите за детоксикација. Доколку симптомите продолжат, постете лекар.