Синaтa боја го смирува апетитот!

Не само што сината боја смирува доколку е искомбинирана во ентериерот на вашиот дом, таа исто така го смирува и вашиот апетит.

sinoto-go-smiruva-apetitot-1

Постојат најмалку 5 начини на кои може сината боја да ја комбинирате со вашата диета и да постигнете навистина видливи резултати во бројчето на вагата.

Користете син прибор за јадење

Можеби звучи смешно, но навистина делува. Без разлика дали тоа ќе биде чинија или прибор за јадење, вашиот голем апетит под хипноза на сината боја значително ќе се намали.

Купете сини салвети и користете ги при секој оброк

Доколку приборот за јадење ви звучеше премногу смешно, тогаш салветите во сина боја се полесен избор за вас бидејќи се работи за нешто помалку впечатливо и полесно за купување.

Кујната уредете ја во сина боја или додајте сини детали

Ако сте сакале да ја преуредите кујната, а истовремено сте на диета, одлучете се за сина промена во нејзиниот дизајн. Но, ако оваа промена ви се чини преголема, додадете мали, но значајни детали во повеќе нијанси на сина.

Користете сини обојувачи за десертите

Сигурно досега сте користеле обојувачи во розова, црвена или жолта боја кои докажано го зголемуаат апетитот. Наредниот пат кога подготвувате десерт одберете син обојувач и спречете се себеси да го изедете цел.

Купувајте производи со сино пакување

Кога се наоѓате во супер маркет изберете го омиленото чоколадо или пак пица, но доколку има од истите во сино пакување. Верувајте дека додека отидете на каса, ќе се премислите и ќе го вратите калоричниот производ.

Испорбајте ги овие трикови за губење на апетитот и споделете ги резултатите.

Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Што претставува лунарната диета и кога да ја држите во 2024-та? Лунарната диета претставува постење во зависност од месечевите фази. Односно ког...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Традиционални јадења од европските земји што мора да ги пробате барем еднаш Не може да одите во Италија, а да не пробате оригинална италијанска маргарита. В...
Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg