8 работи кои не би требало да ги консумирате пред спиење
Не само што е лошо за линијата, туку влијае и на лошото спиење. Докторите препорачуваат да не внесувате ништо 3 часа пред да си легнете, а ако баш морате, тоа нека биде нешто лесно.
Наместо да соберете сè што ви се наоѓа во фрижидерот и да го оптоварите желудникот, добро е да знаете што да избегнувате.
Алкохол – Го иритира дигестивниот тракт, посебен дел кој го поврзува желудникот со хранопроводот, варењето е отежнато.
Газирано - Ништо не е понепријатно за стомакот од газираните пијалаци. Ваквите сокови се покисели од што било друго што може да се најде во природата, а таа киселина му штети на организмот. Освен тоа, газираноста го зголемува притисокот во стомакот.
Мрсна храна – Сите сендвичи, колачи и сладолед.
Чоколадо – Богато е со масти и содржи кофеин и теобромин кој прави хаос во стомакот.
Сирење – Богато е со маснотии, но ако ви се пријаде навечер одлучете се за пармезан или за сирење кое е помалку масно од фета и моцарела.
Јаткасти плодови – Без оглед на тоа што јаткастите плодови се здрави би требало да ги избегнувате пред спиење. Ако толку сакате да ги грицкате одберете ф’стаци и бадеми наместо кикирики или индиски оревчиња.
Цитрусно овошје – Кисело е и му создава мачнина на желудникот. Подобро одберете нешто послатко, како праска, кајсија.
Кафе – Кофеинот создава кисела средина во стомакот, па затоа не се препорачува за консумирање навечер. Кафето без кофеини има помала доза од обичното, па може да биде добар избор за вечерните часови.