10 правила од нашите баби за да ја подготвите највкусната туршија во тегла
Зеленчукот треба да биде збиен во теглата, за да се избегнат празнини и да се намали можноста за контаминација. Кои трикови за ставање туршија може да ги научиме од нашите баби?
Сезоната на зимници е во полн ек, а освен ајвар и лутеница, голем број од нас во овој период од годината веќе подготвуваат и кисела туршија во тегла. Краставички, морков, карфиол…
Ова се некои од производите што традиционално секоја година ги ставаме во тегла и ги закиселуваме, а освен тоа што ќе се водиме до нашите веќе познати и испробани рецепти, добро е да знаеме и некои правила што ќе ни помогнат ставањето туршија да биде успешно и да не ни се расипе зимницата, а целиот труд да ни биде залуден.
До кои правила се придржувале нашите баби?
Изберете ги вистинските плодови
Кога бирате зеленчук за туршија многу е важно да ги изберете вистинските плодови.
Најдобро е да изберете помали, поцврсти и посвежи краставички и моркови, а карфиолот погледнете го добро да нема скапани или расипани делови.
Подгответе ги добро плодовите
По набавката, потребно е плодовите добро да се измијат и да се остават да се исушат на крпа.
Ако некои плодови се премногу големи, можете да ги исечете на половина, или на крукчиња.
Стерилни тегли и капаци
Садовите и теглите во коишто ќе ја ставате туршијата мора да бидат целосно стерилни за да се спречи нивна контаминација и расипување на туршијата.
Ако користите стари тегли, многу е важно да ги измиете добро со топла вода и средство за миење садови, а потоа да ги стерилизирате со врела вода или во рерна на ниска температура.
Користете квалитетен оцет и сол
За најквалитетна туршија важно е да внимавате и на квалитетот на оцетот. Најдобро е да користите алкохолен или јаболков оцет.
Изберете морска сол и ако додавате конзерванс, внимавајте тој да не содржи јод.
За побогат вкус додадете зачини
Во зависност од рецептот, можете да додадете зачини, како лук, магдoнос, кориандер или копар.
Исто така, потрудете се да користите свежи и (неовенати) зачини.