10 правила од нашите баби за да ја подготвите највкусната туршија во тегла
Натопете ги краставичките
Ако сакате краставичките да бидат крцкави, добро е да ги оставите да отстојат 2-3 часа да отстојат во вода, пред да ги закиселите.
На тој начин тие ќе ја задржат својата крцкавост.
Правилно наредете го зеленчукот во тегли
Зеленчукот треба да биде збиен во теглата, за да се избегнат празнини и да се намали можноста за контаминација.
Исто така, треба да се остави простор над зеленчукот за течност.
Течност за закиселување
Наместо да ставате посебно сол, па вода, па оцет, можете да направите течност за прелевање, во која ќе ги ставите сите состојки и со која ќе ја залеете туршијата.
И запомнете дека теглите не треба да се полнат со течност до врв, туку треба да се остави празен простор од околу 1cm.
Отстранете го воздухот од теглите
Откако ќе го залеете зеленчукот со течност и ќе ги затворите теглите, треба добро да ги протресете теглите за да го отстраните воздухот внатре.
Чувајте ја туршијата на студено и темно место
Откако ќе ги затворите теглите, потребно е да ги складирате на темно и студено место.
Секако, ќе бидат потребни неколку недели за туршијата да стаса, а највкусна ќе биде за неколку месеци, односно во зимскиот период.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com