Кафеавиот ориз е поздрав од белиот и уште 7 погрешни митови за храна и слабеење
Мит 5: Мора да користите додатоци во исхраната ако сакате да изградите мускулна маса
Кај бодибилдерите, доста популарни се додатоците во исхраната со аминокиселини, витамини, но и поголеми количини кофеин.
Но, овие додатоци не се неопходни ако сакате да се вратите во форма.
Генерално, треба да се храните разновидно и да следите програма за вежбање која ги активира сите мускулни групи, а за ова можат да ви помогнат професионалци.
Доколку сакате да користите и додатоци, внимателно истражете за брендовите и нивните состојки и не консумирајте повеќе од препорачаната количина.
Мит 6: Кафеавиот ориз е поздрав од белиот
Разликата помеѓу кафеавиот и белиот ориз е преработката – кафеавиот е помалку обработен.
И, точно е дека кафеавиот ориз има поголемо количество од хранливите состојки како витамини Б и Е и железо.
Сепак, оваа разлика и не е така голема, па ако се храните релативно здраво, слободно јадете бел ориз наместо кафеав.
Всушност, засега и нема доволно истражувања кои покажуваат дека кога станува збор за слабеење, кафеавиот ориз е подобар.
Притоа, кафеавиот ориз може да создаде проблеми како подуеност кај лица со чувствителен желудник, најмногу поради големото количество хранливи влакна.
Мит 7: Со брзи диети ќе постигнете долгорочни резултати
Диетите кои ветуваат драстично слабеење за помалку од месец можеби функционираат.
Но, не го заборавајте таканаречениот „јо-јо“ ефект – кога ќе се вратите на стариот начин на исхрана, не само што ќе ги вратите килограмите, туку може и уште повеќе да се здебелите.
Единствениот начин да добиете долгорочни резултати е да слабеете постепено (најмногу 2kg месечно) со здрава исхрана и редовна физичка активност.
И, важно е да продолжите да се храните здраво и да вежбате и откако ќе ослабите.
Ако не гледате резултати, консултирајте се со лекар бидејќи во некои случаи, некои здраствени проблеми, но и лекови, можат да влијаат врз тежината.
Мит 8: Постојано треба да ја следите вашата тежина
Обично слабеењето го поврзуваме со намалување на тежината, но ова не е секогаш правилно.
Ако сакате да ги намалите масните наслаги, тогаш следете ја вашата тежина.
Но, ако целта ви е да изградите мускулна маса и да го зацврстите телото, тогаш тежината не треба да ви биде репер.
Тоа е затоа што мускулите тежат повеќе, па вие може воопшто да не си ја промените тежината, а телото да ви изгледа послабо и помускулесто.
Спирова С. | Црнобело