Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата)
Не ги сушите печурките
Печурките испуштаат многу вода, а ако не ги исушите пред да ги готвите, ќе испуштат уште повеќе.
Откако ќе ги измиете, избришете ги со хартиен бришач за раце или чиста крпа, па потоа исечете ги и гответе ги.
Ставате многу кашкавал кога правите пица
Ако ставите премногу кашкавал на пицата, само ќе ја уништите.
Пицата не треба да „плива“ во кашкавал, туку само да биде прекриена со тенок слој.
Ова е особено важно ако ставате нешто како моцарела што ослободува многу вода при печење.
Не проверувате дали јајцата се стари
Дури и ако сте ги купиле јајцата неодамна, секогаш е добро да проверите колку се свежи.
А, лесно можете да го направите ова со чаша вода.
Наполнете ја чашата со вода и во неа ставете го јајцето. Ако остане на дното, тогаш е свежо. Ако исплива на површината, треба да го фрлите.
Пржите јајца на превисока температура
Белката на јајцата се пржи многу побрзо од жолчката, па затоа е и навистина лесно да ги изгорите.
За да го избегнете ова, откако ќе ја загреете тавата со масло, пржете ги јајцата на средна температура.
Не додавате брашно во презлата
Кога правите храна со презла, брашното е мошне важна состојка која на некој начин ги држи останатите состојки заедно.
Пред да ја пржите, храната треба да ја извалкате во брашно, па во изматено јајце, па на крај во презла.
Спирова С. | Црнобело