Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки

Брзо одмрзнување месо

Сите знаат дека е најдобро месото да се остави да се одмрзне преку ноќ, но ако сте заборавиле да го направите тоа, можете да го направите тоа за 10-тина минути.

Потребно е само месото да го ставите во зип ќеса и да го потопите во тенџере со жешка вода.

kulinarski-trikovi-shto-kje-im-se-najdat-i-na-onie-najnetalentiranite-vo-kujna-04_cleanup.jpg

Најлесно одвојување на жолчката од белката на јајцето

За најлесно да ја одвоите жолчката од белката, потребна ви е само една шпатула со дупки.

Скршете го јајцето и истурете го врз неа, при што жолчката ќе остане на неа, а белката ќе се процеди.

kulinarski-trikovi-shto-kje-im-se-najdat-i-na-onie-najnetalentiranite-vo-kujna-10_cleanup.jpg

Како да ги затворите херметички ќесите со пегла?

Ако имате потреба некоја ќеса повторно да ја затворите херметички, тоа можете да го направите со помош на пегла.

Ставете парче алуминиумска фолија врз крајот што сакате да го залепите и поминете го со пегла.

kulinarski-trikovi-shto-kje-im-se-najdat-i-na-onie-najnetalentiranite-vo-kujna-05_cleanup.jpg

Исцедете го лимонот со помош на штипка за храна

Ако немате цедалка за лимон, а со рака не можете целосно да го исцедите сокот, употребете штипка за храна.

Ќе бидете изненадени од количеството сок што можете да го исцедите.

kulinarski-trikovi-shto-kje-im-se-najdat-i-na-onie-najnetalentiranite-vo-kujna-09_cleanup_1.jpg

Како најчесно да ги отстраните семките од црешите (и вишните)

Земете едно шише со тесен отвор и врз него ставете ја црешата.

Со мало цевче за сок притиснете ја црешата надолу и извадете ја.

Овој трик особено ќе ви се најде ако планирате да подготвувате сок или компот.

kulinarski-trikovi-shto-kje-im-se-najdat-i-na-onie-najnetalentiranite-vo-kujna-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg