Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи)
Лиснато тесто
Ако често правите печива со лиснато тесто, секогаш е добро да купите поголема количина, но замрзнато.
Пилешки гради
Пилешките гради се одмрзнуваат релативно брзо, а вкусот им е ист како да сте ги купиле и свежи.
Како и сите намирници на листата, и замрзнатото пилешко месо ќе ви трае многу подолго.
Спанаќ
Ако често користите спанаќ како додаток во јадењата, најдобро е да го купувате замрзнат.
Кога ќе го зготвите, вкусот е речиси ист, а нема да трошите многу време во чистење на спанаќот.
Помфрит
Нормално, ништо не го заменува помфритот направен од свежи компири, но факт е дека ова одзема многу време.
Затоа, ако немате многу време за готвење а често јадете помфрит, секогаш е подобро да купувате замрзнат.
Спирова С. | Црнобело