Како да чистите риба и уште 5 трикови за во кујна со кои ќе го усовршите готвењето

Како да направите совршено пилешко и како да го искористите преостанатиот зеленчук од фрижидерот? Едноставни трикови со кои ќе ги подобрите вештините за готвење.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-001.jpg

Без разлика колку време минувате во готвење, секогаш можете да научите некој нов трик или совет.

Како да одберете најдобро месо, кој зеленчук да не го лупите, како правилно да ја исчистите рибата?

Неколку совети од професионални готвачи што ќе ви се најдат:

Како да направите совршено пилешко?

Кога правите пилешки гради, многу е важна дебелината – месото треба да биде барем еден сантиметар дебело.

Друг важен детаљ, се разбира, се зачините кои не e доволно само да ги ставите врз месото.

За да ги впие вкусот и мирисот, најдобро е да го маринирате месото барем половина час.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-02.jpg

Направете супа за да го искористите преостанатиот зеленчук

Со добро направена супа, слободно можете да замените цел оброк.

Ако ви останал зеленчук кој не знаете како да го искористите, едноставно, направете супа.

Можете да направите и крем-супа која сигурно ќе ве засити – сварете го зеленчукот, изблендирајте го со малку вода и додајте зачини.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-03.jpg

Слободно мешајте разни видови масти

Обично преферираме да користиме само масло или само путер.

Но, слободно комбинирајте ги двете. На овој начин е помала веројатноста да ви изгори маслото или путерот.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-04.jpg

Купувајте помало количество зачини

Иако сувите зачини траат многу долго, ако ги чувате долг период, нивниот вкус се менува.

Затоа, секогаш купувајте во што е можно помали количини.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-05.jpg

Немојте да го лупите целиот зеленчук

Нема потреба да го лупите секој зеленчук бидејќи во многу намирници, лушпата може да се јаде и содржи многу хранливи материи.

Овде спаѓаат зеленчуци како краставици, тиквички, моркови, модар домат, млади компири…

Секако, само осигурете се дека добро ќе ги измиете.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-06.jpg

Ставете лимон во оризот

Можеби звучи чудно, но лимонот може значително да му го подобри вкусот на варениот ориз.

Но, важно е кога го додавате.

Наместо да го додадете на крај или пред јадење, ставете малку лимонов сок во водата додека го варите оризот.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-07.jpg

Внимателно чистете ги слатководните риби

Слатководните риби треба да се чистат потемелно, најмногу бидејќи поголема е веројатноста да биле во контакт со земја.

Исто така, секогаш почнувајте го чистењето од опашката и движете се кон главата.

Кога станува збор за готвење, слободно додавајте зачини, но и печурки како прилог кои можат да го збогатат вкусот.

soveti-i-trikovi-za-vo-kujna-so-koi-kje-go-usovrshite-gotvenjeto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg