12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки
Имаат посебен дрвен сад за омиленото сирење
Сирењето Камамбер е препознатливо за француската кујна, а тие имаат и посебен сад изработен од дрво во кој го чуваат овој специјалитет.
Се верува дека со помош на овој сад се чува посебната арома на „мувла“ на сирењето, па дури и го подобрува неговиот вкус.
Лебот се чува во плетени кошници
За разлика од голем дел други кои имаат посебни сандачиња за леб, Французите штом си дојдат дома багетот го ставаат во плетена кошница која прави лебот да трае подолго и да не се стврдне.
Француска преса за кафе
Многу е помала и покомпактна од големите апарати за кафе, а го прави пијалакот подеднаво добар. Лесна е за користење, па дури и тие што не се големи познавачи на кафето и апаратите за кафе можат да ја користат.
Мелница за пире
Наместо да користат блендер или алатка за пасирање, Французите користат посебна мелница што им помага да ја испасираат храната наменета за малите деца.
Бакарни садови за готвење
Во минатото бакарните садови биле привилегија само за богатите, а денес може да се најдат речиси во секоја кујна во Франција.
Се смета дека бакарот подеднакво ја распоредува температурата, па заради тоа голем број готвачи избираат ваков тип тенџериња и тави.
На пазар одат со плетени кошници
За разлика од жителите на голем број други земји во светот, кои купената храна од пазар ја носат во пластични ќеси, Французите со себе секогаш носат плетена кошница во која го носат овошјето и зеленчукот што го купиле.
Б. С. Б. | Црнобело