За домаќини и домаќинки: 8 трикови за да ги изберете најсвежите производи на пазар
Сливите не треба да бидат тврди
Ако купувате модри сливи проверете каква им е лушпата. Таа треба да биде мазна и неоштетена.
Сливите треба да бидат еластични, а не тврди на допир.
Не купувајте валкани јајца
Иако на пазарите може да се најдат валкани јајца по пониска цена, избегнувајте да ги купувате. Тешко можете да забележите дали некаде лушпата е оштетена, а на нив може да има и опасни бактерии.
Листовите чај не треба да бидат премногу суви
Ако купувате рефус чај од пазар, обрнете внимание на ливчињата и на миризбата.
Кога чајот е свеж од него се шири пријатна миризба, а ако скинете неколку ливчиња и тие лесно се претворат во прав кога ќе ги протриете низ рацете тогаш станува збор за премногу стар чај, што не треба да го купувате.
Зачините треба да имаат пријатен мирис
Ако купувате рефус зачини од пазар, обрнете внимание на нивната миризба. Таа треба да биде пријатна и да не мирисаат на мувла и на влага.
Исто така, бирајте зачини што се продаваат во амбалажа, а не на мерење, затоа што вторите сигурно биле изложени на прашина и нечистотии.
Б. С. Б. | Црнобело