8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење)
Не ги наградувајте со нездрава храна
Ако детето си ја изеде салатата, немојте да го наградувате со чипс или каква било нездрава храна.
Наместо тоа, наградете го со поздрава варијанта, како омиленото овошје.
Штом детето ќе почне да ја гледа здравата храна како награда, поверојатно е да почне и самото да ја бара.
Поттикнувајте ја физичката активност
За здравјето на детето, не е важна само здрава исхрана – мора да обрнете внимание и на физичката активност.
Уште од најрана возраст мотивирајте го детето да си игра надвор, запишете го на некој спорт ако изрази желба и слично.
Понудете им повеќе опции
Многу е поверојатно детето да ја изеде здравата храна ако таа е разновидна.
Ако, на пример, сакате да му дадете овошје, направете му овошна салата наместо да му дадете само едно јаболко.
Не му дозволувајте да јаде пред телевизор
За жал, многумина ја имаме навиката да јадеме пред телевизор.
Кога јадеме пред телевизор, вниманието ни е одвлечено од храната и настојуваме да изедеме повеќе.
Ова важи и за децата.
Во ред е одвреме-навреме да му дозволите да изгледа филм со порција пуканки и грицки, но трудете се повеќето оброци да бидат на трпезариската маса.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





