8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење)
Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – Како најлесно да ги навикнете децата на здрава храна?
Секој родител сака неговото дете да се храни здраво, но и секој родител знае колку е тешко да го натера детето да јаде повеќе овошје и зеленчук.
Неколку совети што ќе ви се најдат во оваа ситуација:
Јадете заедно
Децата сакаат да ги имитираат возрасните, па затоа најдобро учат преку пример.
За да ги натерате да се хранат здраво, треба и вие да јадете здрава храна со нив.
Не ги забранувајте слатките и грицките
Ако им забранувате благо и грицки на децата, подоцна во животот може да развијат нездрава врска со храната.
Наместо тоа, научете ги да бидат умерени. Објаснете им дека одвреме-навреме можат да уживаат во сладолед, помфрит и слично, но дека тоа не е храна што треба да се јаде секој ден, со секој оброк.
Не им давајте големи порции
Ако детето не ја дојадува храната и ви вели дека повеќе не е гладно, почнете да му сервирате помали порции.
Исто така, немојте никогаш да го присилувате детето да ја дојаде храната ако инсистира дека не е гладно.
Тоа треба да сфати дека треба да престане со јадење кога ќе се чувствува сито, а не кога ќе „ја исчисти“ чинијата.
Не се откажувајте кога внесувате нова храна во менито
Ако првпат му понудите моркови на детето, и тоа ги одбие, не се откажувајте.
Треба да бидете упорни – понудете му ја храната 10 пати, па и повеќе.
Како што растат, сетилото за вкус на децата се менува, па постепено ќе почнат да им се допаѓаат разни намирници.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





