Храна што без проблем можете да ја чувате во замрзнувач (и како правилно да ја одмрзнете)
Лебот и путерот се намирници кои слободно можете да ги чувате во замрзнувач, и со тоа да им го продолжите рокот и за неколку месеци.
Некои видови храна без проблем можете да ги чувате во замрзнувач. Она што е важно е правилно да ја складирате храната и да знаете како да ја одмрзнете.
Намирници што можете да ги чувате во замрзнувач (и како правилно да ги одмрзнете):
Торти
Без разлика за каква торта станува збор, без проблем можете да ја чувате во фрижидер.
Пред да ја замрзнете, ставете ја во сад, завиткајте го садот со пластична фолија, а на крај со алуминиумска.
Ако ја ставите само во сад, постои можност внатре да се појави мраз и да го расипе вкусот на тортата.
Кога ќе сакате да ја јадете, најдобро е да ја оставите да се размрзне во фрижидер. На овој начин нема да ја изгуби формата, а и нема да почнат да се развиваат бактерии ако времето е топло.
Леб
Исто како тортите, и лебот треба да го ставите во сад завиткан со алуминиумска и пластична фолија.
На овој начин можете да го чувате во фрижидер и до шест месеци.
Потоа можете да го размрзнете во рерна.
Пченично брашно
Пченичното брашно може да ви трае и до две години во замрзнувач.
Всушност, во летните денови е дури и подобро да го чувате брашното во замрзнувач.
За да го замрзнете, ставете го пластична кеса и истиснете што е можно повеќе воздух од неа. Подврзете ја кесата и ставете ја во добро затворен сад.
Кога ќе сакате да го користите, истурете го во сад и почекајте да достигне собна температура (околу 30 минути).
Путер
Целата амбалажа путер ставете ја во пластична кеса и подврзете ја, па ставете ја во замрзнувач.
На овој начин путерот ќе ви трае и до четири месеци.
Кога сакате да го користите, оставете го на собна температура. Важно е да знаете дека е сосема нормално и да пушти малку вода додека се одмрзнува.
Салата
Салатата од марула и сличен лиснат зеленчук можете да ја чувате во замрзнувач.
Ставете ја во пластична кеса и целосно истиснете го воздухот, или ставете ја во добро затворен сад.
Не заборавајте да ставите и датум кога сте ја замрзнале и искористете ја во рок од шест месеци.
За да ја размрзнете, оставете ја на собна температура.
Тестенини
Пред да ги замрзнете тестенините, важно е да бидат изладени.
Потоа ставете ги во добро затворен сад и ставете ги во замрзнувач.
Можете да ги размрзнете во рерна, но и во тенџере.
Кромид
Пред да го замрзнете, исечете го кромидот на поголеми парчиња и ставете го во пластична кеса или добро затворен сад. Ако го ставате во кеса, целосно истиснете го воздухот.
Потоа директно ставете го во тава.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





