8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација
Чоколадо
Немојте да се чувствувате лошо ако одвреме-навреме сакате да јадете чоколадо.
Какаото, кое е главната состојка, го подобрува здравјето на срцето, ја подобрува функцијата на мозокот, го зајакнува имунитетот, но и го намалува стресот.
Какаото може да ја подобри и состојбата на кожата.
Ако често јадете чоколадо, препорачливо е да му давате предност на темното бидејќи има помалку шеќер.
Компири
Компирите се богати со витамин Ц, калиум, хранливи влакна и витамин А.
Па, воопшто нема потреба да ги избегнувате.
Единствено бидете поумерени со помфритот поради многуте масти.
Пуканки
Кога ги приготвувате сами, без многу масло, пуканките можат да бидат одлична (и здрава) замена за грицки.
Пуканките се богати со хранливи влакна и антиоксиданти, а се верува дека можат да го намалат ризикот од дијабетес тип 2 и проблеми со срцето.
Полномасен јогурт
Слично како млекото, и полномасниот јогурт е продукт што може да биде корисен.
Покрај калциумот и протеините, полномасниот јогурт содржи и пробиотици кои се одлични за дигестивниот систем.
Спирова С. | Црнобело