8 намирници кои не ја заслужуваат лошата репутација
Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, во умрени количини, кафето може да биде и корисно. Покрај тоа што дава енергија, кафето може да ги подобри меморијата и перформансот.
Доста често се зборува за тоа која храна е здрава, а која не.
Точно е дека одредени намирници се побогати со хранливи материи, а имаат помалку штетни, па треба да ги консумираме почесто.
Но, доста често некои намирници ги сметаме за нездрави и целосно ги избегнуваме, без разлика што нашето тело може да има придобивки од нив.
8 продукти кои не ја заслужуваат лошата репутација:
Полномасно млеко
Оние кои внимаваат на линијата, неретко избираат обезмастено млеко, и тоа е сосема во ред.
Важно е да знаете дека има многу придобивки и од полномасното млеко и ако сте умерени, нема да направи некоја разлика во вашата тежина.
Разни истражувања покажале дека полномасното млеко може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, но и други хронични заболувања.
Потребни се дополнителни истражувања, но некои студии покажале дека најверојатно го поттикнува и репродуктивното здравје.
Кафе
Ако претерате со пиењето кафе, дефинитивно ќе почувствувате лоши симптоми. Но, во умрени количини, кафето може да биде корисно.
Покрај тоа што дава енергија, кафето може да ги подобри меморијата и перформансот. Кафето е и подобар избор од спортските пијалаци кои даваат енергија.
Исто така, тоа е богато со антиоксиданти кои ги штитат клетките.
Помали истражувања покажале и дека кафето може да го намали ризикот од депресија, па дури и рак - секако не во сите случаи.
Сол
Освен ако немате проблеми со здравјето поради што не смеете да консумирате сол, воопшто не треба да ја избегнувате оваа состојка.
Всушност, на нашиот организам му е потребна солта за правилно функционирање.
Недостатокот од сол во организмот може да предизвика низа проблеми како грчеви во мускулите, главоболки, раздразливост, слабост…
Секако, треба да бидете умерени за да ги почувствувате придобивките.
Црвено месо
Црвеното место треба да биде дел од балансираната исхрана.
Единствено треба да се осигурате дека станува збор за продукт кој не е многу преработуван.
Црвеното месо, покрај со протеини, е богато со железо, цинк и Б витамини.
Што значи, за да бидете здрави, не мора целосно да се откажете од месото и да пробувате да го замените со вегетаријански алтернативи и слично.
Само бидете умерени.