Како да го направите чиа пудингот со кој Ким Кардашијан ја одржува линијата?
За чиа пудингот што го прослави Ким Кардашијан ви требаат само 4 состојки, а можете да го направите одвечер, за следното утро да не трошите време во правење појадок.
Ким Кардашијан е опседната со фитнес и здрава храна, па не е ни чудно што многумина го следат нејзиниот пример кога сакаат да се ослободат од вишокот килограми.
Кога станува збор за храна, самата Ким не споделува рецепти, но благодарение на ријалити шоуто, јавноста има можност да види од што се состои нејзината исхрана.
Во неколку епизоди од шоуто, Ким јадеше чиа пудинг со јагоди за појадок, а набрзо потоа рецептот стана вирален на ТикТок.
Чиа семето е богато со омега 3 масни киселини, калиум, железо и калциум.
Добро е за срцето, зглобовите и меморијата, а бидејќи заситува и има мал број калории, чиа семето е одлична храна за оние кои внимаваат на тежината или сакаат да ослабат.
Покрај тоа, рецептот на Ким е посен и погоден за вегани.
Како да го направите хит рецептот што го прослави Ким Кардашијан?
Потребни состојки:
- 2 лажици чиа семе
- 1/2 шолја бадемово млеко
- 1/2 лажица мед
- Свежи јагоди (или друго овошје)
Начин на подготовка:
- Измешајте ги чиа семето, млекото и медот во сад.
- Покријте го садот и оставете го да отстои преку ноќ.
- Следното утро промешајте ја смесата и додајте го свежото овошје.
- По желба, можете да додадете уште мед.
@recipes Kim has the best recipes 🥰 #viral #kardashian #kardashianrecipe #recipes #recipesoftiktok
♬ original sound - Viral Recipes
Спирова С. | Црнобело