Потпечени шпагети „милион долари“ – омилениот брз рецепт за ручек на социјалните мрежи (видео)
-->
Речиси и да не постои човек што не сака тестенини, а овој рецепт за потпечени шпагети со мелено месо од кои тече кашкавал е омилен на социјалните мрежи. Рецептот е идеален за оние денови кога веќе и сами не знаете што да зготвите.
Потпечените шпагети што уште се нарекуваат „Милион долари“ се хит на социјалните мрежи, а сите се сложни дека овој е еден од најдобрите рецепти за брз ручек што досега го виделе.
-->
Идеални се за подготовка по долгиот и напорен ден на работа, а на сите ќе им се допадне комбинацијата од шпагети, мелено месо, сос и растечен кашкавал.
Како да ги подготвите?
Потребни состојки:
- 500g мелено јунешко месо;
- 1 кромид, ситно исечкан;
- 1 пиперка;
- 1 лажичка лук во прав:
- неколку чешниња лук (3-4);
- 1 пакетче шпагети;
- 1 конзерва сос од домати;
- 2 лажици путер;
- 500ml густа павлака;
- 180g рендан пармезан;
- 450g моцарела;
- 1 лажичка сол;
- ½ лажичка црн бибер.
Начин на подготовка:
- Шпагетите се варат според упатството на опаковката;
- Во друго тенџере на малку масло се динста кромидот, меленото месо и зачините;
- Кога месото ќе се пропржи се додава сосот од домати и сосот се динста уште 15-тина минути на тивок оган;
- Се зема уште едно тенџере и во него се става путер, неколку чешниња лук и се меша, па потоа се додава павлака, половина од пармезанот, сол и бибер и се вари на средна температура, додека сирењето да се стопи и да добиете сос;
- Процедените шпагети се ставаат во сосот од павлака и пармезан и се мешаат;
- Во огноотпорно тавче се ставаат шпагетите со сос, па се прелеваат со сос од домати и најгоре се распоредува моцарела и пармезан;
- Шпагетите се печат во рерна на температура од 180 степени Целзиусови околу 20-тина минути.
Видео упатство:
@whatsmomcookin Viral tiktok pasta, million dollar spaghetti. Whatever you call it, you can call it delicious! #viral #pasta #yummy #dinner #familydinner #winterrecipe #whatsmomcookin #food #cooking #winter #ReadySetLift ♬ Cooking - Oleg Kirilkov
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал
Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...