Рецепт за највкусните ледени коцки, како кај баба на гости (видео)

Дали и вие сакате кога сте на гости и ќе ве послужат со неодоливи, чоколадни, ледени коцки? Вреди да пробате да си направите сами за себе, нема да погрешите. 

recept-za-najvkusnite-ledeni-kocki-kako-kaj-baba-na-gosti-video-01.jpg

Љубителите на ледени десерти во секое време од годината, нема да одолеат на овој рецепт. 

Може да го подготвите сами или едноставно да побарате од најдобрите домаќини/ки во семејството да ви направат по овој рецепт. 

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • ½ лажица сол
  • 120g шеќер
  • 150ml млеко
  • 50ml масло
  • 150g брашно
  • 30g какао
  • 5g прашок за печење
  • 10g желатин
  • 50ml вода
  • 200g кондензирано млеко
  • 200ml слатка павлака
  • 50g стопено чоколадо
  • 40ml стоплена слатка павлака

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад, измиксирајте ги јајцата со шеќерот и солта.
  • Додадете го млекото и маслото, измешајте, а потоа додадете ги брашното, какаото и прашокот за печиво, па со жица соединете ја смесата.
  • Добро измешаната смеса истурете ја во правоаголен калап на хартија за печење и печете 15 минути на 180 степени целзиусови.
  • Во друг сад, растворете го желатинот во вода.
  • Во посебен длабок сад, додадете ги кондензираното млеко и слатката павлака и измиксирајте додека не добиете шлаг.
  • Ставете неколку лажици од шлагот во садот со желатинот, добро измешајте, па смесата истурете ја во големиот сад со шлаг и повторно измиксирајте.
  • Поделете го испеченото тесто на два еднакви дела (како сендвич).
  • Врз едното тесто распоредете ја шлаг смесата, па покријте со другото парче тесто и оставете да се лади во фрижидер 2 часа.
  • Во помал сад измешајте ги стопеното чоколадо и топлата слатка павлака и истурете врз горниот слој од тортата.
  • Оставете да се излади и сервирајте како ледени коцки.

Погледнете видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Највкусната пица со тесто од карфиол: Рецепт кој ќе ви помогне во слабеењето Ако сакате пица, со овој рецепт можете да уживате во омилениот вкус без да чувст...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg