Рецепт за лесен колач со јаболка и банани – се топи во уста

Дали сте љубител на колачи со јаболка и цимет? Овојпат додаваме и банани и добиваме неодолив зимски десерт кој се топи во уста.

recept-za-lesen-kolach-so-jabolka-i-banani-se-topi-vo-usta-01.jpg

Сезоната на јаболка вреди да се искористи за подготовка на вкусни колачи кои се подготвуваат многу лесно.

Дополнително, доколку немате што да им правите на бананите кои постојано ви скапуваат – имаме решение.

Овој лесен рецепт ќе успее да го направи секој кој има барем малку искуство во кујна.

Потребни состојки:

За смеса на колачот:

  • 115g несолен путер, стопен
  • 200g кафеав шеќер
  • 1 големо јајце, на собна температура
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 130g брашно
  • ½ лажичка сол
  • 150g банана, испасирана

За декорацијата со цимет:

  • 45g несолен путер, стопен
  • 80g кафеав шеќер
  • 1 лажица цимет во прав

За фил/прелив:

  • 90g полномасно крем-сирење, на собна температура
  • 90g несолен путер, омекнат
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 110g шеќер во прав

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад измешајте ги путерот и шеќерот. Потоа додадете ги јајцето и ванилата и повторно соединете ја смесата. Истурете ги и брашното и солта и измешајте, а на крај додадете ја и бананата и убаво измешајте.
  • Истурете ја смесата во плех со големина 8x8, врз хартија за печење и убаво распоредете ја насекаде.
  • На неколку места со лажица ставете топчиња од смесата со цимет, а потоа со нож формирајте ја кружната декорација.
  • Ставете да се пече 18-20 минути на 180С (или 160С ако печете со вентилатор).
  • Во меѓувреме, во друг длабок сад ставете ги крем-сирењето, шеќерот и циметот и измиксирајте додека не добиете мека и мазна смеса за фил.
  • Истурете го филот врз испечената смеса, распоредете насекаде и оставете да се олади.
  • Исечете на коцки и уживајте во десертот.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg