Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт за посна, славска погача за почетници + како се прават белите декорации одозгоре?

Како да подготвите посна погача за Свети Никола и за останатите слави во божиќниот пост? Ова е лесен старински рецепт што секогаш успева.

recept-za-posna-pogacha-shto-mozhe-da-ja-napravat-i-pochetnici-kako-se-pravat-belite-dekoracii-01.jpg

Има нешто посебно во мирисот на домашната погача што се пече за слава.

Ако еднаш го усовршите овој рецепт, секоја година ќе сакате погачата да ја подготвувате сами, а ви приложуваме лесна постапка, што може лесно да ја изведат дури и оние што се апсолутни почетници.

Освен тоа, ако сте од оние на кои многу им се допаѓаат белите украси на погачите, тогаш сигурно ќе ви се допадне и упатството за тоа како сами да направите тесто од кое ќе можете да обликувате украси и декорации.

Посна погача

Потребни состојки:

  • 20g квасец;
  • 2 големи лажици вода;
  • 500g бело пченично брашно (тип 500);
  • 2 лажички сол;
  • 1 голема лажица шеќер;
  • 2 лажици масло за јадење;
  • 250ml вода.
  • Во мал подлабок сад се ставаат две лажици вода и квасецот и се меша, па се остава да отстои;
  • Во длабок сад за месење се ставаат 500g брашно од кое се вадат околу 4 големи лажици настрана во друг сад;
  • Во брашното се додаваат 2 мали лажички сол настрана, 1 голема лажица шеќер, 2 лажици масло, а на средина се прави дупче со прстите и се става растопениот квасец и се додаваат уште 250ml вода;
  • Од сите состојки се замесува мазно тесто, па се додаваат претходно тргнатите настрана 4 лажици брашно и уште еднаш се премесусва тестото;
  • Замесеното тесто се остава да нарасне околу 45 минути;
  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • По ова тестото уште еднаш се меси, па се дели на 2 дела, еден поголем, од околу 500g и еден помал од околу 200g;
  • Поголемиот дел се формира во топче, се става во претходно премачкан плех со масло и се покрива со фолија и се остава да нарасне;
  • Другиот помал дел се дели на 3 дела од кои се истегнуваат долги ленти и со нив се плетат плетенки, со кои се декорираат краевите на погачата;
  • Погачата се декорира со плетенки и со украси што претходно сте ги подготвиле, па се премачкува со малку масло, се покрива и се остава да нарасне уште 10-тина минути;
  • Погачата се пече околу 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови;
  • Погачата се пече на средина од рерната, без вентилатор.

recept-za-posna-pogacha-shto-mozhe-da-ja-napravat-i-pochetnici-kako-se-pravat-belite-dekoracii-03.jpg

Бели декорации за погача

Потребни состојки:

  • 55g брашно;
  • 1 голем лажица густин;
  • 1 мала лажичка сол;
  • 40ml млака вода;

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат брашното, густинот и солта;
  • Се додава вода и се меси тврдо тесто, притоа треба да се води сметка тестото да биде тврдо како пластелин;
  • Тестото се покрива и се остава да отстои 10-тина минути, па од него се обликуваат украси, во форма на цветови, грозје, пченица итн.
  • Готовите украси брзо се стврднуваат, па потребно е да ги ставате во ќеса, а пред да ги додадете на погачата потребно е да ги потопите со малку вода за да се залепат.

 recept-za-posna-pogacha-shto-mozhe-da-ja-napravat-i-pochetnici-kako-se-pravat-belite-dekoracii-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Посна мусака со печурки и зеленчук - вкусен ручек за целото семејство Сите ја знаеме класичната варијатна на мусака - мелено месо, компири, прелив од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg